Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен министер за спорт Борко Ристовски одбележа десет години љубов со сопругата Нина, а по тој повод ѝ посвети емотивна порака на социјалните мрежи.
Ристовски сподели романтична фотографија на која двајцата се прегрнати покрај голем букет цвеќе. Со објавата се наврати на заедничките години, исполнети со убави спомени, но и со предизвици што ги надминале заедно.
Во посветата особено ѝ се заблагодари на сопругата за нивните две деца, синот Душан и ќерката Анастасија, нагласувајќи дека меѓусебната поддршка била важен дел од нивната врска.
„10 години заедно. 10 години исполнети со радост, среќа, убави моменти… помалку убави. Меѓутоа, без разлика на сè, бевме еден покрај друг и секогаш лојална поддршка! Моменти во кои ми ги подари Душан и Анастасија и затоа секогаш ќе бидам тука за тебе! Нека овие 10 години се само почеток на уште поубави моменти во кои ќе растеме како личности! Те сакам“, напиша Ристовски.
Борко и Нина стапија во брак на почетокот на 2018 година, а истата година го добија своето прво дете, синот Душан. Нивното семејство се прошири на почетокот на 2023 година, кога се роди ќерката Анастасија.
Со романтичната објава, Ристовски ја одбележа годишнината од нивната врска и јавно ѝ ја изрази својата љубов на сопругата.
