10.8 C
Скопје
22:29 - 3 април, 2026

Зошто се чувствувате повеќе подуени во лето

Едно од најчестите прашања кои луѓето ги пребаруваат на интернет е она како да се ослободите од надуеноста и кои намирници ја создаваат. Тоа прашање почесто се поставува во текот на летните месеци и високите температури, а нутриционистите велат дека горештините предизвикуваат дехидрираност – која потоа може да доведе до надуеност.
Во лето повеќе се потиме затоа што телото се обидува да ја намали температурата, а во тој процес губиме вода и електролити – телото се потпира на преостанатите резерви, а тогаш се појавува надуеност, замор, вртоглавица.

Како да ги намалите овие симптоми?

Останете хидрирани
Кога сте подуени, веројатно последно што ќе ви падне напамет е да пиете течности, но редовното консумирање вода во текот на денот ќе ја спречи дехидрираноста, а со самото тоа и надуеноста. Ако веќе дошло до губење на електролитите и дехидратација, најдобро е да испиете млеко, спортски пијалак или кокосова вода.

Избегнувајте храна што ви пречи
Намирниците богати со влакна како брокула и карфиол предизвикуваат надуеност исто како и гравот, леќата и пијалаците што содржат кофеин, па затоа треба да се избегнуваат. Алкохолот и газираните пијалаци исто така спаѓаат во оваа група. Нутриционистите советуваат подолго време да набљудувате кои намирници ви предизвикуваат надуеност и да водите дневник за да знаете што да промените во вашата исхрана.

Интолеранција на лактоза
Сѐ поголем број луѓе доживуваат симптоми на нетолеранција на лактозата. По консумирањето млечни производи како сладолед, сирење и млеко, се создава силно чувство на надуеност, а понекогаш и силни грчеви. Ако забележите дека овие намирници ви пречат, заменете ги со оние на растителна база.

Под стрес
Нутриционистите тврдат дека надуеноста и грчевите во стомакот, всушност, може да бидат поврзани со нервите, односно со стресот. Анксиозноста и стресот се поврзани со варењето на храната, затоа емоциите честопати се рефлектираат на тоа. Луѓето навистина чувствуваат болка и надуеност, но тоа нема никаква врска со храната што ја јадат. Понекогаш тоа доведува до дијареја или запек. За да се избегне оваа непријатност, мора да пронајдете некој начин да се ослободите од стресот, а најдобрата опција е вежбањето.

Избегнувајте готова храна
Нутриционистите тврдат дека готовите замрзнати јадења се полни со конзерванси и сол, така што создаваат чувство на надуеност. Избегнувајте ги исто како и храната полна со шеќер.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....