13.8 C
Скопје
21:37 - 16 мај, 2026

Зошто легендарната „Принцеза“ не замина на Евровизија: „Југословенскиот клуч“ ја чинеше победа

Додека вечерва цела Европа го следи големото финале на Евровизија, многумина на Балканот повторно се потсетуваат на една од најпознатите песни што никогаш не стигна до евровизиската сцена – легендарната балада „Princeza“ на Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ.

Песната беше изведена пред точно 42 години на југословенскиот избор за Евровизија, „Југовизија“, кој во 1984 година се одржа во Скопје. Иако настапот остана запаметен како еден од најемоционалните и највпечатливите во историјата на натпреварот, „Princeza“ не успеа да победи.

Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ настапија како претставници на Србија и се појавија десетти по ред во конкуренција од 16 изведувачи. Освоија 38 поени, што беше доволно само за шестото место.

Најмногу поени добија од Нови Сад, Сараево, Љубљана, Скопје и Загреб, а според многумина, токму публиката имала најсилна реакција за нивниот настап.

Сепак, победата тогаш ја однесе дуетот Владе и Изолда со песната „Ciao, amore“.

Со години по натпреварот, во јавноста се зборуваше дека „Princeza“ била жртва на таканаречениот „југословенски клуч“ – неформален систем според кој победниците и важните позиции често се распределувале според републичка рамнотежа.

Дадо Топиќ подоцна отворено зборуваше за тоа.

„Тогаш се избираше по таканаречен републички клуч. ‘Princeza’ беше потенцијален победник. Ако заминевме на Евровизија, денес можеме само да шпекулираме што ќе се случеше. Со оглед на тоа што луѓето и денес ја паметат песната, мислам дека можеше да се случи чудо“, изјавил тој за РТС.

Сличен став имал и композиторот Сања Илиќ, кој ја создаде музиката за песната.

„Тогаш се случи таканаречената југословенска кујна. Сите центри гледаа која песна е најдобра, па потоа ги уриваа поените. Загреб и Титоград ги намалуваа поените за Белград, па ‘Princeza’ не беше ниту прва ниту втора, туку заврши шеста“, раскажал Илиќ.

И покрај поразот, „Princeza“ доживеа огромен успех. Само неколку недели по натпреварот, ПГП РТБ го издаде синглот, кој стана еден од најпродаваните музички изданија во Југославија таа година.

Песната подоцна доби и верзии на повеќе јазици и беше препознаена и надвор од поранешна Југославија.

Терминот „југословенски клуч“ во тоа време се користел за неформален принцип на распределба на важни функции и привилегии меѓу републиките во СФРЈ, со цел да се одржи баланс меѓу различните народи и региони.

Во музички контекст, тоа често значело дека се водело сметка од која република доаѓа победникот на „Југовизија“, па затоа со децении кружат приказни дека некои песни, иако биле огромни хитови, никогаш не добиле шанса да ја претставуваат Југославија на Евровизија.

И денес, четири децении подоцна, многумина сметаат дека „Princeza“ останува една од најголемите неправди во историјата на југословенскиот избор за Евровизија.

Слични објави

Каде би се одржала Евровизија ако победи Австралија?

Т.Ц.

„Оваа песна е за да го разбудиш внатрешниот оган и да не се плашиш од него“ – моќна порака на финските претставници на Евровизија 2026

Т.Ц.

По критиките од публиката, „Лавина“ направи промени во настапот пред вечерашното финале на Евровизија

Е.А.

„Бангаранга е покана, а не закана“: Евровизиската претставничка на Бугарија ќе внесе позитивен хаос на Евровизија

Т.Ц.

Идеални работни места за секој хороскопски знак

Т.Ц.

„Губењето на косата ми беше тешко затоа што сè уште бев тинејџерка“ – Евровизиската претставничка на Австралија се изборила со тешка болест

Т.Ц.
Се вчитува....