Српската естрада оваа година го замени зимувањето со летување. Иако многумина од пејачите прво престојуваа на планина, тие набрзо ги заменија скафандерите и скиите со костими за капење и заминаа во потоплите луксузни предели. Најчесто нивниот избор се Малдиви и Дубаи од каде што споделуваат фотографии на нивните профили на Инстаграм.
Милица Павловиќ отпатува во Дубаи од каде што редовно објавува фотографии во костими за капење. Таму деновите ги поминува сончајќи се на плажа, а навечер оди на забави. Пејачката реши да се почести за минатата многу успешна сезона и да замине на летување среде зима.
View this post on Instagram
Северина исто така ги воодушеви следбениците на Инстаграм со фотографии од Малдиви каде што ужива веќе некое време. Таа не е сама, туку во друштво на нејзиниот син.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Цеца и Анастасија Ражнатовиќ одлучија оваа зима да не ја поминат во Белград и да заминат во потоплите краишта. Но, тие не заминаа заедно. Цеца одмораше една недела на Малдиви, додека Анастасија уживаше во Дубаи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Џани и неговата сопруга Слаџа се познати по тоа што често патуваат, а така беше и неодамна пред нејзината операција на бубрег. Џани уште пред еден месец со семејството престојуваше на една егзотична дестинација, но не ја откриваше локацијата. Многумина коментираа дека го одбрале Дубаи зашто таму се „одомаќиниле“ уште пред 10 години.
View this post on Instagram
И Александар Милиќ одлучи напорната сезона да ја круниса со едно скапо летување. Како Цеца и Северина и тој замина на Малдиви каде што уживаше, пливаше и ги полнеше батериите за претстојното снимање на Ѕвездите на Гранд. Тој долго време го најавуваше одморот од соништата зашто не можеше да спои неколку слободни денови и да се почести со квалитетно патување.
View this post on Instagram
View this post on Instagram