10:31 - 12 март, 2026

Животната приказна на Јасмин Ставрос: „Живеев блудно сè додека не ја запознав неа!“

Хрватскиот пејач и музичар Јасмин Ставрос, кој почина вчера на 68-годишна возраст по битката со рак на коските, кариерата ја започна на 15-годишна возраст како тапанар во надежни југословенски бендови.

Инстаграм

Иако во поголемиот дел од својата кариера беше познат како одличен пејач на популарна музика, во раните седумдесетти години почнал да го открива џезот и набрзо стана студијски музичар во Југотон и еден од најбараните тапанари во поранешна Југославија, а списокот на неговите соработници е долг и впечатлив – од Јосипа Лисац и Арсен Дедиќ, до Мишо Коваќ и Неда Украден…

фејсбук

Самиот своевремено рече дека водел бурен живот се додека не ја сретнал Жарка со која се оженил во 1976 година. Ја видел еден ден точно во три попладне пред црква и си рекол „Тоа е жената со која треба да се оженам“. Како што пишуваат хрватските медиуми, таа не ни погледнала во него, а тој успеал да дојде до неа преку својот братучед.

„Нејзините родители воопшто не ме сакаа за зет. Таа беше како ангел, светица, а јас бев човек кој го достигна дното на својот живот, живееше развратно до болка додека не ја запознав неа“, искрено призна своевремено Ставрос.

Сепак, поради неа тој се промени, но и се откажал од своите пороци.

Јасмин и Жарка беа повеќе од четири децении во стабилен брак, имаат две деца.

„Мојата сопруга имаше многу разбирање и поддршка, беше толерантна. Не е лесно да се биде сопруга на некој кој работи ваква работа како мојата. Таа беше таа што го одржуваше балансот на мирот и љубовта“.

Во последните години, Ставрос и Жарка сакале да посвојат мало девојче, извесна Лидија од Дом за сираци, но биле одбиени со образложение дека се премногу стари за посвојување.

„Законот е таков, а единствениот начин што ни останува е да помогнеме и да се грижиме за тие деца и за Лидија. Лидија е дел од нашето семејство и таква ќе биде додека сме живи“, изјави не така одамна Јасмин за хрватските медиуми.

Малкумина знаат дека неговото вистинско име е Мило Васиќ кој во крајот на 80те години од минатиот век  станал Јасмин Ставрос на наговор на пријателот и колега музичар, сега починатиот Рајко Дујмиќ.

Интересно е што бил премногу талентиран фудбалер пред да се одлучи сосема за музиката. Се дообразувал на приватна престижна џез Академија во САД, каде бил еден од најдобрите студенти и имал понуди да остане таму, но сепак не можел без овие простори и затоа се вратил.

 

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....