18:42 - 17 февруари, 2026

Жерар Пике ги нарече фановите на Шакира „варвари“: „Ако се грижев за мислењето на другите, требаше да скокнам од карпа“

Поранешниот дефанзивец на Барселона и Шпанија, Жерар Пике се отвори за тоа како се справува со омразата од фановите на неговата поранешна партнерка, Шакира.

36-годишниот Жерар Пике даде интервју за Жерар Ромеро, во кое проговори за омразата која го следи по раскинувањето со Шакира, и тоа токму од фановите на колумбиската пејачка.

„На почетокот беше многу лошо. Стигна до точка кога ако дозволам сета таа омраза да дојде до мене, ќе треба да се фрлам од карпа“, призна тој.

Поранешниот фудбалер појасни дека токму неговиот лежерен однос кон ситуацијата му помогнал да го одржи душевниот мир.

„Немате поим какви коментари добив на социјалните мрежи од нејзините фанови. Милиони варвари! Но, не ми е гајле. Да бидам искрен, нималку, бидејќи не ги познавам. Овие луѓе немаат животи, а зошто тогаш јас да се грижам? Никогаш нема да ги сретнам, тие се роботи, знаете?“, рече тој.

Жерар Пике додаде дека неговата ноншалантност е „здрава, бидејќи ако се грижиш за мислењето на луѓето, тогаш си мртов“.

„Тие сакаат да се грижите, а ако се грижите, тие ќе победат. Мора да им покажете дека не ви е грижа, бидејќи тоа уште повеќе ги лути“, рече тој.

Во јуни 2022 година, Жерар Пике се раздели со Шакира по 11 години романса, а пејачката ја остави за 23-годишната студентка Клара Чиа Марти, со која извесно време ја изневеруваше.

Вчера, Шакира ја напушти Барселона со своите деца за да „започне ново поглавје во потрага по среќа“.

Слични објави

(Видео) Се породи пејачката на „Неверне бебе“, бендот ѝ честиташе: „Тоа се вика љубов, тоа сме ти и јас“

Е.А.

На Мис Универзум ѝ се слоши на парада: Убавицата ги поздравуваше сите, па наеднаш изгуби свест

apostolova

Тишина која боли: Марија Шерифовиќ се огласи на значаен датум, причината ги допре сите

Еспресо

(Фото) Инди објави провокативна фотографија: Нозете во вис, мрежести чорапи и лисици на штиклите

Еспресо

Алка Вуица ќе стане баба: Нејзиниот син Ариан и идната снаа чекаат прво дете

Еспресо

Мина Костиќ и Каспер пишуваат книга: „Тоа ви го должиме по сè што поминавме“

Еспресо
Се вчитува....