12:11 - 15 април, 2026

„Земи му ги парите, па после избегнувај го“: Старлета шокираше со советот што им го даде на девојките

Старлетата Божана Вујиновиќ повторно привлече големо внимание од јавноста откако без двоумење одговори на прашањата на нејзините следбеници Инстаграм, а еден од нејзините одговори предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

Една девојка побарала совет како да се „отргне од личност која е сериозен манипулатор, но во исто време и галантен маж“, а одговорот на Божана остави многумина во шок.

– Земи му ги парите, па избегнувај го. Па малку биди љубезна и фина, па повторно игнорирај го. Малку си слатка, малку си одвратна, нека не знае каде удира маченикот, но нон-стоп имај некои барања – напиша Божана Вујиновиќ и предизвика лавина од коментари.

Инаку, Вујиновиќ еднаш се осврна на гласините дека се занимава со најстарата професија, а во таа прилика откри дали некогаш била уапсена за проституција.

– Никогаш. Сите написи во медиумите беа лаги. Се борам против невистини на суд и досега сум ги добила сите спорови. Кога немате проблем да се замерите со секој што стои во вашата сенка, се раѓаат непријатели со кои сè уште успешно се справувам. Никогаш не сум дозволила интриги да ме поколебаат – тврди таа.

Божана нагласи дека не сака да заработува пари преку платформи каде што се продава експлицитна содржина, нагласувајќи дека не го смета таквиот начин на заработка за прифатлив.

– Продавањето интимност за 5, 10 долари е под моја чест. Се соблеков гола само за насловната страница на Плејбој.

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....