14:52 - 30 јануари, 2026

ЗЕЛЕНЧУК КОЈ ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД КАРЦИНОМ ЗА 45 ПРОЦЕНТИ: Кој е тој?

Според една нова студија, честата потрошувачка на печурки е поврзана со помал ризик од рак.
Со систематски преглед и мета-анализа испитаa 17 студии за рак објавени од 1966 до 2020 година.

Анализирајќи ги податоците на повеќе од 19.500 пациенти заболени од рак, научниците откриле врска помеѓу потрошувачката на печурки и ризикот од рак.

Истражувањето е спроведено од Институтот „Пен“ и објавено во списанието „Advances in Nutrition“.

Печурките се богати со витамини, хранливи материи и антиоксиданти. Наодите на научниците од Институтот Пен покажуваат дека оваа „супер храна“ може да помогне и во заштита од рак.

Научниците откриле дека луѓето кои вклучуваат било каков вид печурки во нивната секојдневна исхрана, имаат помал ризик од рак. Според наодите, луѓето кои јаделе 18 грама печурки на ден имале 45% помал ризик од рак во споредба со оние кои не јаделе печурки.

„Печурките се најголемиот извор на ерготионин, кој е единствен и моќен антиоксиданс и клеточен заштитник“, истакнал Џибрил М. Ба, дипломиран студент по епидемиологија на медицинскиот колеџ „Пен“.

При испитување на специфични карциноми, истражувачите забележале дека луѓето кои редовно јадат печурки имаат значително помал ризик од рак на дојка. Ба објаснил дека тоа може да биде затоа што повеќето студии не вклучуваат други форми на рак.

Ова истражување би можело да биде корисно при понатамошно истражување на заштитните ефекти што ги имаат печурките.

„Наодите обезбедуваат важни докази за заштитните ефекти на габите од рак“, истакнал коавторот Џон Ричи, истражувач од Институтот за карцином „Пен“ и професор по фармакологија.

Слични објави

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо
Се вчитува....