14.8 C
Скопје
16:00 - 2 март, 2026

ЗБОГУМ БОБ САГЕТ: Комичарот познат како совршениот татко пронајден мртов во хотелска соба

боб сагет

Комичарот и актер Боб Сагет најпознат по улогата на совршен татко во серијата „Full House“, бил пронајден мртов во хотелска соба во Орландо, Флорида, на 66-годишна возраст, објавија локалните власти.

Причината за смртта на Сагет е нејасна. Брза помош го пронашла актерот во соба во хотелот Риц-Карлтон, во неделата попладне и го прогласила за мртов на местото на настанот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Оринџ, додавајќи дека не се пронајдени знаци на злоупотреба или употреба на дрога.

Сагет штотуку започна со турнеја како стенд-ап комичар и настапи во близина на Џексонвил, Флорида во саботата навечер. Во својата последна објава на „Инстаграм“, тој се заблагодари за публиката и напиша:

„Немав поим дека зборувам два часа вечерва. Се вратив на комедијата како кога имав 26 години. Изгледа го наоѓам мојот нов глас и уживам во секој момент“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)

Од 1987 до 1995 година, Сагет го играше таткото, вдовец Дени Танер во серијата „Full House“ и во продолжението „Fuller House“ од 2016 до 2020 година.

Во серијата, Танер е олицетворение на совршениот татко и тој го споделува својот дом со трите млади ќерки, чие созревање го следиме низ сезоните, деверот и најдобриот пријател.

Актерот го водеше и шоуто „Најсмешните домашни видеа на Америка“ од 1989 до 1997 година.

Слични објави

(Фото) Среде конфликт, бившата на Аца Лукас позира во Дубаи: Ќерката јавно ја моли да се врати!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ излезе од болница: Има повредено око и видливи лузни по лицето

apostolova

(Фото) Од центарот на градот во својот зелен рај: Погледнете ја куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ

Еспресо

Ќерката на Саша Поповиќ во солзи: „Жал ми е што нема да ги запознае своите внуци“

Еспресо

Почина братот на Силвана Арменулиќ: „Ти благодариме за љубовта и спомените“

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани позира провокативно во минијатурен фустан со длабоко деколте, дур седи „заробена“ на Малдиви

Еспресо
Се вчитува....