8.8 C
Скопје
06:13 - 18 октомври, 2026

Не сака ништо со него! Ана Ивановиќ ја прекина и последната врска со Швајнштајгер, стави крај и на заедничките милионски бизниси

Веста за разводот меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер и понатаму ја бранува јавноста, а според последните информации, нивниот однос е целосно прекинат – и на приватен и на деловен план.

Според извори блиски до поранешниот пар, некогашната тениска шампионка донела јасна одлука да стави крај на сите заеднички проекти со поранешниот сопруг, со што се затвора и последната професионална врска меѓу нив.

Додека беа заедно, Ивановиќ и Швајнштајгер важeа за еден од највлијателните парови во спортот и маркетингот. Нивниот имиџ беше силно присутен во бројни кампањи, а соработките со светски брендови им носеа милионски приходи – од спортска опрема и облека до луксузни часовници и козметика.

Сепак, по разводот, одлучиле да ја прекинат и деловната соработка. Нивните правни тимови веќе ги известиле компаниите со кои работеле дека во иднина ќе можат да ги ангажираат исклучиво индивидуално.

„Ниту едниот, ниту другиот не сакаат повеќе заеднички проекти. Ова е најчистиот начин секој да продолжи понатаму без дополнителни компликации“, тврди извор запознаен со ситуацијата.

Дополнителни тензии, според истите извори, предизвикале и финансиски недоразбирања. Наводно, Ивановиќ инвестирала околу три милиони евра во козметички бизнис кој не ги дал очекуваните резултати, по што Швајнштајгер побарал дел од приходите, повикувајќи се на претходни договори.

Овој спор, како што се наведува, дополнително го продлабочил јазот меѓу нив и ја забрзал одлуката за целосно разделување.

Иако официјални изјави од двајцата нема, очигледно е дека поранешниот пар реши дефинитивно да ги раздели патиштата – и во животот и во бизнисот.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....