15:35 - 1 април, 2026

Запознајте го новиот Илон Маск, милијардерот – чудо на технологијата на само 25 годишна возраст

Александр Ванг, најновото чудо од Силиконската долина, има само 25 години и има богатство од преку милијарда долари. „Форбс“ го нарече најмладиот милијардер во светот кој самостојно ја заработил милијардата. Многумина мислат дека Ванг би можел да биде следниот Илон Маск или Џеф Безос. И сето тоа не е благодарение на наследство или познато име, туку на напредната претприемничка визија.

Ванг, син на кинески имигранти, го поминал своето детство во тајната воена база на Националната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико каде е родено првото нуклеарно оружје. Родителите биле вработени како физичари на воени проекти. Во неколку интервјуа, младиот претприемач потврди дека „Поради видот на работата што ја работеа, моите родители имаа големо влијание врз светогледот на нашето семејство. Затоа решив да станам програмер: Сакав да направам промена во овој свет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandr Wang (@alexanddeer)

Вроден талент за математика

Уште од рана возраст, Александр Ванг покажувал огромен талент за бројки до тој степен што учествувал на натпревари за програмери, па дури и на Американската олимпијада по математика.

Тој е ко-основач (заедно со Луси Гуо) и извршен директор на Scale Al, стартапот лансиран во 2016 година, кога имал само 19 години. Пробивот на компанијата со седиште во Сан Франциско во кодирањето на податоците за оптимизирање на системите за вештачка интелигенција веднаш привлече многу компании на кои им требаше подобрување на автоматизираните процеси за аудио транскрипција, препознавање слики и собирање документи. Софтверот на Ванг може да трансформира низа бројки во вредни информации за компаниите во секоја индустрија. Компаниите како што се Uber, Airbnb, Toyota, PayPal и General Motors сега се клиенти на Scale Al. Американската војска исто така користи софтвер Scale AI за да ја измери штетата предизвикана од руското бомбардирање во Украина. Компанијата има потпишано воени договори во вредност од 350 милиони долари

САД:  Scale Al проценета на милијарда долари

Во Силиконската долина, Scale AI е најновиот еднорог, една од оние компании кои се проценети на милијарда долари.

Идејата за Scale Al дошла кај Ванг додека студирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT). Scale AI добил средства од Y Combinator, технолошкиот стартап акцелератор кој исто така ги лансираше Dropbox, Twitch и Airbnb. И сега, во своето прво работно искуство, Ванг е на секоја листа на најбогати луѓе до 30 години во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandr Wang (@alexanddeer)

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....