26.8 C
Скопје
00:42 - 22 август, 2026

Започна пријавувањето за бесплатниот Тренинг-центар за образование и кариера во „Винер лајф“

Деновиве „Винер лајф“ претстави нова иницијатива за унапредување на развојот на млади и амбициозни кадри што сакаат да стекнат сертификат, да се вработат и да напредуваат во кариерата во областите на менаџирање на продажбата на финансиски услуги.

Како општествено одговорна компанија, членка на „Виена иншуренс груп“ со повеќе од 200 години традиција и со 12 години присутност на македонскиот пазар, „Винер лајф“ им помогнала на илјадници граѓани да ја испланираат и да ја осигурат својата иднина, а сега одлучи дополнително да се посвети на помагање на сите заинтересирани лица, без разлика на образованието, кои би сакале да ја градат својата кариера во областа на продажба на финансиски услуги и менаџирање на продажбата.

Идејата за формирање на овој Тренинг-центар потекна од среќавањето на сè поголемиот број заинтересирани и мотивирани лица што се во потрага на работа во интернационални компании и финансиски услуги, но во текот на своето образование немале можност да се стекнат и да се обучат со практични вештини.

Тренинг-центарот ќе биде временски приспособен за сите категории граѓани и ќе биде воден од врвни ментори од областа на продажба и менаџмент од „Винер лајф“. Главен обучувач е Марко Дамевски, менаџер за продажба во „Винер лајф“, кој со своето 20-годишно искуство во овој домен, ќе им помогне на учесниците да стекнат вештини што секој работодавач ги вреднува и ги наградува. Учесниците ќе се стекнат со практични бизнис вештини и знаења, како: презентирање на финансиски услуги, соработка и развој на релации со клучни клиенти, водење на продажниот процес и менаџмент на продажбата.

И што е најважно, сите учесници ќе добијат сертификат што станува дел од нивното професионално портфолио и е од огромна важност и предност при можни вработувања.

Најдобрите учесници на Академијата ќе добијат понуда за вработување, како дел од продажниот тим на „Винер лајф“.

Сите заинтересирани може да се пријават со праќање имејл со основни лични податоци (име, презиме, контакт телефон и имејл-адреса) и задолжителна назнака „Пријава за тренинг центар“ на [email protected], најдоцна до 11.10.2022 година.

*Сите пријавени кандидати ќе бидат контактирани од нашите кариерни ментори по завршетокот на датумот за пријавување со подетални информации во однос на местото и времето на одржување на обуката.

„Винер лајф“ ви стои на располагање за сите дополнителни прашања на [email protected]

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....