5.8 C
Скопје
00:42 - 1 април, 2026

Задната врата во клубот во Кочани секогаш беше затворена: Тони Зен искрено за неговото искуство со „Пулс“

Тони Зен и Слаткар прозбореа за нивното искуство од клубот „Пулс“ во Кочани и раскажаа каков бил клубот пред да се случи трагедијата на 16 март.

-Мене во животот не ми било така. Шок да, но како целото тело да ми беше во тага. И сега во моментов не ми се верува дека отидоа сите деца и колегиве“, рече Тони Зен во подкастот на Стефан Лазаров, во гостувањето по повод нивниот концерт на 11 октомври во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.

-Си викам: Андреј тука е, ќе се појави од некаде. А јас, после третиот концерт на Слаткар во „Евент центар“ во Скопје отидов во „Пулс“. И таман почна клубот да работи…

Види, ај да кажам вака нешто, за тие што не знаат. Не бранам никого, ова го кажувам од лично искуство, сум бил многу пати. Сите што биле знаат дека тој клуб, не само кај нас туку и пошироко беше меѓу подобрите.

Не зборувам за изолација, тоа не навлегувам. Зброрувам, спремен, имаше и врата позади. Мене секогаш ми било, кога одам ма некое место, зошто нема позади врата. Имаше врата, таа отсекогаш беше затворена, не знам зошто. Сакам од позади да влезам, од позади да излезам.

Можеби тоа е една од грешките. Јас сум сакал да излезам од позади и сум прашувал: „Абе, може ли од тука?“ Не. Не навлагам…

Потоа Слаткар се надоврза: „Мислам дека било проблем со комшии. Дека се бунеле, гласна музика, па ај да ја затвориме. Дека од таа страна живеат луѓе, има куќи, и мислам дека тоа беше причина што им беше затворена.

Фото/ Јутјуб принтксрин

Не знам брат, беше многу тажно, многу шокантно. Јас не можев да спијам, Јас спиев по саат време, на секој саат се будев месец ипол“, додаде Слаткар.

Тони Зен продолжи: „Јас и денес, шетам, возам и ќе си помислам: Еј, отидоа луѓево. Како да не е реално. Никоагш не сме го мислеле тој ризик. А таму сме и ние работиме…“ рече Тони.

Потоа, Лазаров ги праша: Имате нешто чуено за Панчо? Тони Зен одговори:

-Јас не. Помислувам на тоа. Можеби не сме се дружеле, не сме биле блиски, ама сме соработувале, ама налет, на страна тоа, но тоа се човечки чувства. Јас од позиција на родител зборам, толку деца отидоа“.

-Секогаш изумуваме дека имало мали деца што биле таму и преживеале и имаат трауми, тие како ќе се вратат? Ние треба нив да ги збприме и да им дадеме рака. Треба да им биде јасно дека не се сами во моментов“, рекоа Тони Зен и Слаткар. 

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....