7.8 C
Скопје
05:17 - 2 април, 2026

Вучиќ: Србија ќе продолжи да ги штити односите со Русија и Кина, но и ќе продолжи на европски пат

Србија ќе го продолжи својот европски пат, одржувајќи пријателски односи со Русија и Кина. Ова го изјави српскиот лидер Александар Вучиќ вчера во интервју за ТВ Пинк.

Мораме да бидеме обединети, да го продолжиме нашиот европски пат, да ги заштитиме нашите односи со Руската Федерација, и со Кина, и со сите други. Како што можете да видите, оваа политика го издржа најтешкото време. Колку долго може [да издржи] – ќе видиме, ова е прашање на интерес на нашата држава“, рече Вучиќ.

Надворешната политика на Србија предвидува приклучување кон Европската унија додека одржува пријателски односи со Москва и Пекинг, како и развивање врски со Вашингтон. Белград има намера да ја задржи воената неутралност, одбивајќи да се приклучи кон НАТО и другите воено-политички блокови – пренесува руската агенција Тасс.

Ваквиот став предизвикува приговори на Западот, на Србија постојано и се дава до знаење дека европската интеграција е можна само доколку се исполнат два услова: признавање на независноста на Косово и прекин на пријателските односи со Русија. Во последниве години, сè почесто од Запад се слушаат прекорите кон Србија за активна соработка со Кина.

Неодамна, поддршката за пристапување во ЕУ опаѓа. Како што рече Вучиќ во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, доколку утре се одржи референдум за прием на Србија во ЕУ, 44 отсто од населението би гласале против, а само 35 отсто би гласале за, пренесува тасс.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....