06:40 - 12 март, 2026

Вучиќ се сретна со амбасадорите на Кина и на Русија; Претставниците на Србите на Косово се повелкуваат од сите државни институции во Приштина

Претставницит на Србите на Косово и Метохија објавија дека се повлекуваат од Собранието, Владата и сите институции во Приштина, како и дека го суспендираат учеството во полицијата и судството.

Ова беше по средбата во Звечан на која беа собрани политички и институционални претставници на Србите, изјави Горан Ракиќ, претседател на Српска листа, пренесуваат српските поратли.

Тој рече дека одлуките остануваат во сила додека Приштина не ги повлече своите еднострани одлуки во врска со регистрацијата на регистарските таблички и не формира ЗСО, и ги повика властите во Приштина да се вратат на почитување на меѓународното право.

Во меѓувреме, во ткот на ноќта претседателот на Србија Вучиќ разговарал со Србите од Косово и Метохија и со пратеникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Средбата со Лајчак траела повеќе од 5 часа.

Инстаграм

Потоа, Вучиќ се сретнал и со амбасадорите на Република Кина и на Русија.

Вучиќ ја информирал кинеската амбасадорка дека Белград го почитувал бриселскиот договор, но дека Приштина не сакала да го стори тоа.

По средбата со кинескиот амбасадор, Вучиќ веднаш оствари средба и со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко.

– Го информирав амбасадорот Боцан-Харченко за безбедносната состојба на Косово и Метохија и за проблемите со кои се соочуваат Србите. Ја повторив нашата благодарност за принципиелниот став и поддршката на Руската Федерација за суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја – напиша претседателот на Инстаграм.

За утре пак, закажан е голем собир на Србите на северот на Косово и Метохија на кој сите ќе го носат знамето на Србија, а најавени се и протести поради режимот на Аљбин Курти.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....