5.8 C
Скопје
07:29 - 1 април, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) ВО СЕЛО РЕЖАНОВЦЕ ВО ЦВЕТНОТО ЦАРСТВО НА МИРКО: Повеќе од задоволство, поголемо од мерак, помирисно од парфем…

Денес разговараме со Мирко Ѓорѓиевски од село Режановце, кумановско. Селото е познато по двете археолошки наоѓалишта кои сведочат дека тука луѓе живееле уште од железно време. Мирко моментално не работи, а работел во чевларска индустрија во одделот за главна контрола за извоз. Инаку, тој е голем љубител на цвеќиња, сам си ги одгледува во дворот и се грижи за совршено оплеменување и изглед на ова парче земја.

ФОТО -приватна архива

– Цвеќето јас го одгледувам, правам распоред како да ги подредам цвеќињата, јас ги садам, ги размножувам, а некои ги купувам – ни објаснува Мирко.

Времето кое го посветува на дворот, за Мирко е задоволство.
– Кога работиш нешто со љубов не треба многу време – додава тој – Секој ден по нешто, и работата ќе се заврши.
Во дворот има најразлични видови цвеќиња, од сардели, бонбонки, до воденки, а сега и сурфинии…

– Во текот на зимата, едни цвеќиња ги внесувам во подрумот, други во ходник во куќата, па така преживуваат успешно – вели Мирко.

Омилено цвеќе нема, зашто сите му се омилени! Или како што вели, секое цвеќе си е убаво на свој начин. 

Цвеќето е нешто најубаво и го одгледувам многу одамна. Задоволство ми е да седнам во двор и да се напиеме кафенце со моите, со соседи, роднини, пријатели – со задоволство вели Мирко.

Инаку, Мирко е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....