13:09 - 2 ноември, 2026

Во едно од последните интервјуа Владо Јаневски зборуваше за неговото големо пријателство со Тоше и за песната „Полско цвеќе“

Приказната за пријателството меѓу Владо Јаневски и Тоше Проески започнува речиси една деценија пред трагедијата во која загина Тоше. Во тоа време јавноста сè уште не беше целосно свесна за вонсерискиот капацитет на момчето од Крушево, а Владо Јаневски бил меѓу првите кои го препознале неговиот голем потенцијал.

На почетокот на годинава во интервју за хрватски медиум Владо Јаневски раскажа како настанал хитот на Тоше Проески, „Полско цвеќе“.

„Непресушниот ентузијазам на Тоше и желбата за напредок доведоа до тоа веќе да не му биде беше доволно да пее само песни кои други му ги пишуваа по нарачка. Сакаше да има и сопствен авторски удел на своите албуми. Често во интервјуата знаеше да напомене дека јас сум му омилен текстописец, и кога првпат ја напиша музиката за своја песна, ме повика и ми рече дека би сакал токму јас да му напишам текст. Пред тоа правев препеви за многу негови песни од македонски на хрватски јазик, но мојот прв оригинален текст за него беше за ‘Полско цвеќе’. Не се сеќавам зошто одлучив да го додадам тој елемент на трагичност во таа љубовна песна, но иронијата на судбината сакаше некои стихови од таа песна подоцна да станат жалосна реалност. Бидејќи и двајцата имавме свои концертни обврски и патувања, не ги правевме песните заедно во студио, туку најчесто на далечина, преку мејл и телефон“, вели Јаневски, кој по прераната смрт на Тоше во октомври 2007 година се повлече.

Стиховите што ги потпишува Јаневски за песната „Полско цвеќе“, особено рафренот „Полско цвеќе млад нека ме покрие, душа нек ми љубат облаци кога нејќеш ти“ имаат голема симболика.

„Тоше, како помлад и тогаш уште релативно непознат изведувач, беше гостин на мојата турнеја во 1998 година за време на која ми стана очигледно дека тоа е извонредно талентирано и пред сè интелигентно момче. Беше буквално како сунѓер, сè сакаше да знае и да научи што е можно повеќе, и тоа што е можно побрзо. Поради тоа така брзо напредуваше и на музички план и во личниот развој. Неуморно работеше на себе, не штедеше енергија и љубовта која ја подаруваше беше тајната на неговиот успех“, се присети Јаневски во текстот за хрватскиот медиум кој го објави на социјалните мрежи во јануари.

Зад овие двајца великани на македонската музика остануваат и стиховите на „Полско цвеќе“ кои вечно ќе сведочат за нивните соработка и пријателство.

Слични објави

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.
Се вчитува....