17:14 - 1 април, 2026

Внукот на Мајкл Џексон, Џафар Џексон ќе го игра во претстојниот биографски филм: Има глас и талент, а одлично го познава вујко си со што ќе внесе личен печат

Џафар Џексон, 26-годишниот внук на Мајкл Џексон, ќе го портретира починатиот пејач во биографскиот филм „Лајонсгејт“ во режија на Антоан Фуква.

Фуква неодамна ја потврди веста на Инстаграм. Пејачот и актер е син на Џермејн Џексон, член на „Џексон 5“ и брат на Мајкл.

Со приказна на Џон Логан, Фуква се согласи да го прикаже животот на Мајкл како негов следен проект. Филмот е во продукција на Греам Кинг, кој ја направи познатата Боемска рапсодија, приказната за Фреди Меркјури и Квин.

Џафар Џексон несомнено поседува глас и вештини што ќе овозможат да ја одиграат улогата достојно и со почит кон својот вујко.

Инаку, филмот нема да се оддалечи од контроверзите во животот на Џексон, педофилските обвинувања кои ги прогонуваа неговите последни години до неговата смрт во 2009 година на 50-годишна возраст, предизвикана од срцев удар како последица од коктел од седативи.

Секако, познавајќи го добро својот вујко, се претпоставува дека Џафер ќе донесе одреден личен печат во биографскиот филм.

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....