02:49 - 5 ноември, 2026

Внуката на Нелсон Мандела има важна порака за Хари и Меган во екот на скандалот поврзан со Чарлс и Кејт Мидлтон: Познатиот пат не се огласува, а многумина велат дека тоа е срамно!

Скандалот што го започна холандската верзија на книгата „Крај на играта“ на Омид Скоби не стивнува. Според холандската верзија, британскиот крал Чарлс Трети и Кејт Мидлтон дале расистички коментари за бојата на кожата на Меган Маркл и синот на принцот Хари, Арчи Харисон. Војвотката и војводата од Сасекс се уште не ја коментирале оваа невидена афера. Внуката на Нелсон Мандела, Ндилека Мандела вчера гостуваше во Би-Би-Си и го коментираше овој развој на настаните.

Издавачката куќа, која ја објави книгата на повеќе јазици, а со тоа и на холандски, тврди дека имало грешка во преводот, што го кажа и авторот Омид Скоби. Водителот Пирс Морган ги именуваше имињата на членовите на кралското семејство кои ги кажале контроверзните зборови, минатата недела на „The Talk“, за што многумина го критикуваа, сметајќи дека молчењето е подобро решение.

„Верувам дека Хари и Меган Маркл морале да пронајдат сопствен глас, на сличен начин на кој мојот дедо мораше да го пронајде сопствениот глас кога мораше да побегне од договорениот брак. Затоа, како и на секоја друга личност, треба да им се даде простор да ги изнесат сите свои сомнежи“, рече внуката на Нелсон Мендела во емисијата на Би-би-си „Sunday with Laura Kuenssberg”.

На прашањето дали Меган и Хари според нејзиното мислење биле изложени на расизам, таа одговара: „Не можам да зборувам дали нивните деца биле дискриминирани. Немам информации од прва рака за тоа. Но можам да кажам дека треба да им се дозволи да го изнесат тоа што сакаат и да го изберат својот пат. Ако мојот дедо не го одбра својот пат кога побегна од договорениот брак, немаше да ја имаме Јужна Африка за која денес зборуваме. Значи, на луѓето треба да им се дозволи да ги претстават различните патувања и треба да им се дозволи да одат по различни патишта во жовотот“, објаснува внуката на Мендела, а пренесува Дејли меил.

Меган Маркл и принц Хари се уште не се огласиле за скандалот, а нивното молчење водителот Пирс Морган го окарактеризираше како срамно.

 

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....