16.8 C
Скопје
20:28 - 27 април, 2024

Вил Смит тајно се разделил од сопругата уште пред седум години: „Бевме уморни од обидот да го спасиме бракот“

Оскаровецот, холивудскиот актер Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет Смит не живеат како маж и жена веќе седум години, но на Оскарите во 2022 година пристигнаа како „семејство“. Џејда зборуваше за ова во нејзината биографска книга „Достојна“, пишува People.

Според актерката, таа преживеала тешко детство на улиците на Балтимор, имала и подеми и падови во нејзината холивудска кариера. Но, ништо не можело да ја подготви инцидентот што се случи на Оскарите во 2022 година.

Во поглавјето насловено „Света шега, света шлаканица и света лекција“, авторката раскажува како се чувствувала додека ја исмевал Крис Рок поради нејзината алопеција, а потоа и како се чувствувала да биде сведок на нејзиниот сопруг Вил Смит како го напаѓа Крис додека насанот се пренесувал на телевизија во живо. На почетокот Џејда мислела дека сето тоа е само шега.

Џејда во емисијата Today Show, кадешто ја промовираше својата книга, објасни зошто ѝ завршил бракот со актерот но и нагласи дека нема официјално да се разведат.

„До 2016 година, само бевме уморни од обидот да го спасиме бракот. Мислам дека и двајцата сè уште бевме заглавени во нашите фантазии за тоа каква треба да биде другата личност“.

Џејда рече дека повеќе од еднаш размислувала за официјален развод, но никогаш не можела да продолжи да го спроведе тоа до крај.

„Дадов ветување дека никогаш нема да има никаква причина да се разведеме. Можеме да се справиме со се. И едноставно не можев да го прекршам тоа ветување”, рече таа. Пинкет Смит додаде дека таа и нејзиниот сопруг живееле одвоено кога Смит му удрил шлаканица на комичарот Крис Рок на Оскарите во 2022 година затоа што се пошегувал на сметка на нејзината коса, предизвикувајќи огромен скандал.

Таа им се заблагодари на нивните три деца, Џејден (25), Вилоу (22) и Треј (30) – синот на Вил од претходната врска, за нивната поддршка. „Моите деца се мали гуруа. Тие ме научија на длабоко чувство на самоприфаќање“, рече таа. „Тие го сакаат секој дел од мене. Има високо ниво на љубов, безусловна љубов што ја имаат кон мене и кон нивниот татко.”

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит се венчаа во 1997 година. Во текот на овој период нивниот брак неколку пати бил загрозен. Конкретно, во јули 2020 година, Џејда призна дека имала афера со пејачот Аугуст Алсина додека била во брак со Вил, што предизвика голем скандал. И минатата година, Џејда беше обвинувана поради неетичкото однесување на Смит на Оскарите.

 

 

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....