4.8 C
Скопје
21:35 - 11 март, 2026

Викторија Бекам е бесна за новите гласини на снаата Никола Пелц: „Не разбирам зошто гради непријателство меѓу нас“

Викторија Бекам е бесна што нејзината снаа Никола Пелц продолжува да предизвикува гласини за нивната расправија, пренесува The Sun.

Гласините за расправија меѓу Никола Пелц и свекрвата Викторија Бекам се појавија на социјалните мрежи речиси веднаш по нејзината венчавка со Бруклин. Односите меѓу нив уште повеќе се влошија откако Пелц даде искрено интервју во кое рече дека нејзината свекрва за малку ќе ѝ ја уништела свадбата. Никола рече дека Викторија ветила дека ќе ѝ ја сошие венчаницата, но неколку дена пред венчавката рекла дека нејзините кројачи не можат да се справат со оваа задача. Поради оваа причина, Пелц избрала венчаница од Валентино.

Неодамна пак, оваа недела, Никола излезе со уште едно интервју, овојпат за американското списание Грациа во кое повторно објаснува што точно се случило со венчаницата.

Никола Пелц открива што навистина се случило со несудената венчаница од Викторија Бекам: „Мислев дека ќе биде прекрасно, но нешто тргна наопаку“

И покрај тоа што самата Викторија не реагираше јавно на изјавите на снаата, изворите на The Sun велат дека таа е „бесна и не разбира зошто Никола предизвикува нови гласини за нивното непријателство“. Изворот додава и дека, покрај се, Викторија и Дејвид, се обидуваат да ги подобрат односите со својата снаа.

„Дејвид и Викторија ѝ пријдоа на Никола повеќепати за да ги подобрат односите. Тие сакаат да поминуваат време со својот син и неговата сопруга, особено со оглед на тоа колку често Бруклин комуницира со семејството на Никола “, наведува изворот.

Слични објави

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо
Се вчитува....