15.8 C
Скопје
21:16 - 30 септември, 2026

Викендов нова свадба за Борис Џонсон и Кери Сајмондс: Луксузна веселба во замок од 18 век за 200 гости

Викдендов Борис Џонсон подготвува голема свадбена веселба – задоцнета – но таа ќе биде и одлична прилика за збогување од функцијата. Мегазабавата ќе се случува во англиско село. Венчавката на Џонсон и Кери Сајмондс официјално се случи во мај минатата година во католичката катедрала во Вестминстер, во Лондон: но поради важечките ограничувања за Ковид само 30 луѓе можеа да присуствуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NewsWireNGR (@newswirengr)

Двојката одамна реши да направи свадба во голем стил: а планот беше да организираат раскошна забава во Чекерс, селската резиденција на премиерите. Но, ненадејната оставка на Борис преврте сè наопаку.

Така Џонсон мораше да ги промени плановите, а и локацијата. Тогаш на помош дојде Лорд Бамфорд, долгогодишен пријател на Борис и голем финансиер на Конзервативната партија, на која во последните дваесет години ѝ дал преку 14 милиони фунти. Лорд беше на страната на Џонсон за време на кампањата за Брегзит и тој уште еднаш не се воздржа да му ја покаже наклонетоста: му го стави на располагање својот имот од 600 хектари во Котсволдс, замок од 18 век во идилично опкружување, каде слободно шетаат елени и фазани.

Фотографиите објавени од англиските весници веќе покажуваат џиновска бела тенда подигната на тревникот: а за да се даде романтичен шмек ќе има и мини овоштарник исечен во форма на срце.

Се очекуваат до 200 гости, а списокот, строго доверлив, е цврсто во рацете на Кери: сепак, познато е дека нема да има толку политички фигури колку пријатели и роднини на парот.

Од друга страна, не е сигурно присуството на децата на премиерот, кои застанаа на страната на нивната мајка во бурниот развод на Џонсон од неговата претпоследна сопруга, адвокатката Марина Вилер.

Со кетерингот сигурно ќе се занимава Лејди Керол, сопругата на Лорд Бамфорд, која пред неколку години лансираше многу успешна (и многу скапа) линија на органски производи: токму таа, во текот на месеците на изолација поради ковид-пандемијата, го снабдуваше Џонсон во Даунинг Стрит со  испраќање залихи во вредност од над 30.000 евра.

Слични објави

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.
Се вчитува....