3.8 C
Скопје
01:03 - 28 март, 2026

(Видео) Ужасна глетка: Вака раперот Пи Диди се иживува на девојка

На интернет се шири вознемирувачко видео од насилството на популарен рапер. Диди прифати спогодба по тужбата на неговата долгогодишна девојка.

На видеото се гледа Пи Диди без кошула и со крпа завиткана околу половината како ја брка Кеси низ ходникот.

Раперот Пи Диди некогаш беше во врска со девојката Кеси, а сега се појавија шокантни снимки од надзорните камери на хотелите.

Снимката е направена во 2016 година, а до неа дошол Си-ен-ен.

На видеото се гледа Пи Диди без кошула и со крпа завиткана околу половината како ја брка Кеси низ ходникот.

Додека се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за задниот дел од главата и ја фрлил на земја.

Потоа ја удрил со нога додека таа лежела неподвижна на подот, пред да и ги грабне двете торби со кои таа се обидела да избега.

Диди застана над неа, повторно ја клоцна, а потоа ја влече назад во нивната соба.

Вознемирувачката снимка можете да ја видите ТУКА.

Вознемирувачката снимка е направена во хотелот Интерконтинентал. Два дена подоцна, парот се појави на црвениот тепих држејќи се за рака за премиерата на филмот „Д перфект меч“.

Да потсетиме, американскиот рапер Пи Диди се спогоди во ноември минатата година со својата поранешна партнерка Кеси, само еден ден откако таа поднесе тужба против него за силување, сексуален и физички напад и многу други обвинувања, пишува Њујорк Тајмс. Сепак, деталите за спогодбата не се откриваат.

Таа го обвини и за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

 

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....