8.8 C
Скопје
20:27 - 19 февруари, 2026

(Видео) Угро сподели интересна приказна за ќерка му од скопски ноќен клуб

Некогашниот рапер Никола Угриновски – Угро сподели интересна приказна за неговата ќерка која се забавувала во еден ноќен клуб.

Ќерката на Угро пеела негов хит, поточно песната „Знам дека си ти“ која е стара речиси трисет години. Споделувајќи го ова видео, Угро напишал:  „Чудно е кога твое дете пее твоја песна во клуб, 28 години откако е направена“.

Инаку, тој веќе неколку години живее надовор од Македонија, насекаде низ светот, затоа што работи на брод, но често доаѓа дома.

Фото/ Фејсбук

Угро сега има 53 години и е татко на две ќерки, кои со својата мајка живеат во Скопје. Времето со нив го поминува кога се престојува во Скопје.

Многу работи се сменија, вели Угро, дури и локацијата, која што често ја менува крстосувајќи работно на брод, каде пред 11 години, реши да замине од Македонија и музичката кариера и продукцијата да ги замени со работа со која може да обезбеди удобен живот за своите ќерки.

Тој во една прилика за „Слободен печат“ рече дека постои мислење дека причината на неговото професионално „згаснување“ е разделбата со сопругата и другите тешки околности што го натерале да ја напушти државата.

„Во одреден момент, фудбалерот ќе ги стави своите копачки на ѕид, пејачот ќе го стави микрофонот на некое долапче или во некоја фиока“, рече Угро.

Слични објави

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо
Се вчитува....