22:31 - 4 април, 2026

(ВИДЕО) ТРЕВИС СКОТ ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ: Раперот се огласи по трагедијата на Астроворлд во која 10 лица изгубија живот

Тревис Скот вели дека е „1000 проценти“ сигурен дека направил сè што можел за да им помогне на членовите на публиката што умираа за време на трагедијата во Астроворлд.

Во неговото прво интервју по хип-хоп фестивалот на 5 ноември, кој заврши со смрт на 10 луѓе – вклучувајќи ја и најмладата жртва, 9-годишниот Езра Блаунт – Скот тврди дека не ги слушнал криците за помош на неговата публика во Хјустон додека жртвите паднаа во опасност.

(ВИДЕО)СТАМПЕДО НА КОНЦЕРТ: 8 мртви на настапот на Тревис Скот, партнерот на Кајли Џенер

„Едноставно не го слушнав тоа“, рече 30-годишниот Скот во четвртокот за време на интервју.

Кога новинарот го праша дали направил сè што може, Скот рече:

„Сè што физички (можев), сигурно, да. И, ако знаев што се случува…само посакуваш да можеш да направиш нешто подобро. Но, стоејќи таму, 1.000 проценти“.

Скот, исто така, инсистираше на тоа дека „Јас сум таков тип на уметник“ кој би го прекинал своето шоу доколку бил свесен дека посетителите на концертот се во непосредна опасност.

Катастрофата на Астроворлд – забележана како еден од најсмртоносните настани на музички настап во живо во американската историја – резултираше со повеќе од 140 тужби и масовна парница од 1.500 присутни на шоуто против Скот, „Live Nation“, „Apple Music“, „Drake“ и други обвинети.

9-ГОДИШНО МОМЧЕ Е ПОСЛЕДНАТА ЖРТВА ОД АСТРОВОРЛД: Езра Блаунт почина од повредите во стампедото

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....