7.8 C
Скопје
22:05 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА ИМ ЗАПЕА НА ФРАНЦУЗИТЕ: Претседателот Макрон воодушевен од неа

Тереза Кесовија

Тереза Кесовија, хрватската дива откри дека им пеела на Емануел Макрон и Французите на свечениот ручек во загрепска Еспланада.

(ФОТО) ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА НА РУЧЕК КАЈ МАКРОН: Посебна средба со францускиот претседател

На барање на новинарите, Тереза ​​ја испеала француската шансона La Chanson de Lara, која Макрон можел да ја слушне на ручекот на кој присуствувале околу стотина познати Хрвати.

 

„Прво на француски му посакав добредојде, а потоа му кажав дека му посакувам уште еден мандат, затоа што мислам дека тоа ќе донесе добро за нашите земји“, изјави таа за посетата.

Таа беше и остана легенда која има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.

Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера. Француската кариера на Тереза ​​Кесовија започнала во 1965 година, кога ја отпеала La Chanson de Lara од филмот Доктор Живаго.

Додека живеела и работела во Франција, Тереза ​​соработувала со познати ѕвезди како Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.

Пејачката ​​четири пати ја наполнила париската Олимпија. Таа се сретнала со неколку француски претседатели додека живеела во Франција, а ова е нејзина прва средба со Макрон.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....