20.8 C
Скопје
07:11 - 12 септември, 2026

(Видео) Теодора Џехверовиќ за интимната аудио снимка која кружи на интернет: Не ми се верува дека не добив поддршка од жените

Не ми се верува дека не ја добив поддршката од жените, тие први се пошегуваа, изјави пејачката.

Пејачката Теодора Џехверовиќ се најде во центарот на скандал за кој јавноста се уште бруи.

На социјалните мрежи кружи аудио снимка од интимни односи, за која се верува дека е нејзиниот глас. Теодора за тоа првпат јавно проговори во емисијата „Ами Џи шоу“, но ниту сакаше да потврди ниту да демантира дека е во неа.

– Дојдовме до таа позната аудио снимка, со порно содржина. Се слуша твојот глас во сексуален чин – ја започна приказната водителот Огњен Амиџиќ, а пејачката му порача:

– Весниците објавија дека тоа е мојот глас. На тоа прашање одговарам прв и последен пат, не сакав да се огласам затоа што мислев дека е најдобро така. Може да има две вистини, првата е дека некој ми го наместил сето ова и го лажирал, а втората е дека сум јас, дека некој покварено го снимил. Никој не се ни запраша што од овие е вистината, се разбира, сите веднаш ја грабнаа втората верзија. Што и да е вистина, е катастрофа. Не ми се верува, зборувам пред се со жени, секому може да му се случи. Ја сум јавна личност па испадна вака како што испадна. Пак велам, не потврдив ништо. Не можам да верувам дека не добив поддршка од жените зашто тие први се шегуваа. Ги разбирам мажите, се зафркаваат, ама жените да не ме разбираат и да не се стават на мое место, како мене ми било кога сите се зафркаваа на таа тема – истакна пејачката.

Потоа додаде дека по сето тоа искочила само посилна.

„Тоа што ми е направено е кривично дело. Лицето кое ова го објавило може да оди поради тоа во затвор“, рече Теодора во емисијата.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.

Од 50 евра до десетици илјади евра — кој што носеше на гламурозниот роденден на Ника и Атина Тошиќ

E.A.

Триесет години од возобновувањето и осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун

Еспресо
Се вчитува....