23.8 C
Скопје
18:00 - 30 септември, 2026

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Познатата водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева постојано зборува за тоа дека музиката е лек. Таа многу пати и преку објавите на своите профили на Фејсбук и Инстаграм покажува како свири на одредени специфични инструменти, непознати за овие простори и вели дека музиката ја бара насекаде околу себе.


Турунџиева минувајќи низ тежок период од животот и соочувајќи се со сериозна болест, во една прилика кажа дека токму музиката е таа што ја излечила и ѝ помогнала да го победи непријателот.

Во тој период Сузе основаше и женски хор познат како „Фрида“ којшто е активен и денес.

Но, она што нам овојпат ни привлече внимание е нејзината објава како свири на кристални чинии.

Ако сакаш да си го пронајдеш својот мир🙏♥️…
Ако некој тајно е „приклучен“ на твојата енергија и ти ја троши беспоштедно, Ако стресот честопати ти е активиран на најјако😮… Ако чувствуваш страв, несигурност и повремена анксиозност😔, редно време е да ја запознаеш моќта на фреквенцијата од 432 херци🎶♥️ – стои во нејзината објава.

 

Создавањето музика на кристални чинии подесени на фреквенција од 432 херци се користи за длабока медитација, опуштање и балансирање на енергијата во телото. Оваа комбинација создава смирувачки звучни бањи (sound baths) кои помагаат во намалување на стресот и подобрување на сонот. Длабоките и чисти вибрации помагаат во намалување на анксиозноста и прекумерното размислување. Често се користат пред спиење или за време на јога и реики третмани за олеснување на емоционалното ослободување.

Историјата на овој начин на создавање музика е спој на древни духовни традиции и модерна псевдонаука од 20-тиот век. Пред илјадници години, во Тибет и Непал се користеле метални чинии (од 7 метали) за ритуали и медитација: Питагора го проучувал звукот како лек и користел математички пропорции за лекување со музика. Старите цивилизации верувале дека чистиот тон го регенерира телото.

Модерните кристални чинии не се древни. Тие настанале во 1980-тите години во САД како спореден производ во ИТ-индустријата. Фабриките произведувале чинии од чист кварц (силициум диоксид) за топење на микрочипови за компјутери. Луѓето забележале дека овие индустриски садови имаат неверојатно долг, чист и моќен звук кога ќе се удрат. Музичарите и терапевтите брзо ги прифатиле за медитација поради нивната силна вибрација.

Еве како изгледа тоа:

 

Слични објави

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.

Гога Секулиќ откри што знае за помладиот избраник на Карлеуша: „Прекрасно момче е“

Еспресо

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо
Се вчитува....