33.8 C
Скопје
16:03 - 16 август, 2026

(Видео) Скандал на изборот за Мис Србија: Дошол со круна на главата и ја навредил убавицата поради нејзината тежина

Мис Србија беше избрана синоќа, а стручното жири вклучуваше инфлуенсери, но еден настан предизвика непријатност и кај учесничките и кај публиката.

Изборот за Мис Србија се одржа синоќа во салата МТС, а бројни јавни личности парадираа на црвениот тепих.

Големо влијание на самиот почеток привлекол маж кој се појавил со круна на главата, за подоцна да се испостави дека станува збор за инфлуенсерот Ненад Живковиќ, попознат како Хугестаф или Дебелиот Сремац на социјалните мрежи.

Набрзо се покажа дека тој, покрај другите инфлуенсери, бил во улога на жири.

 

@mondo.zabava Misica još nije izabrana, a on je stavio krunu: Misteriozni muškarac privukao svima pažnju. #mondo #mondozabava ♬ original sound – Mondo Zabava


Сè би било во ред, ако во еден момент водителите на програмата не најавеле дека жирито составено од инфлуенсери ќе открие кои две мисици, според нив, се најубави. Инфлуенсерите излегле на сцената неподготвени и ги избрале убавиците на лице место, а не е познато дали имале информации пред натпреварот дека треба да се договорат за изборот и заедничката одлука.

Ненад Живковиќ и Неџмин излегле на сцената и се одлучиле за поспонтан пристап… но потоа се случило нешто што никако не требало, со оглед на тоа што се во прашање мошне млади натпреварувачки, од само 19 и 20 години.

Ненад рекол дека наградата ќе ја добие натпреварувачка која, како него, е „пополнета“, па токму поради тоа најмногу му се допаѓа. Забележливо било дека девојката се чувствувала многу непријатно бидејќи – кој би сакал да се натпреварува на избор за убавина и индиректно да биде наречен „дебел“ или „пополнет“?

Како и да е, тој ја ставил круна на главата на натпреварувачката, а се чинело дека девојката во тој момент сакала да „пропадне низ земјата“, па невкусната шега предизвикала и непријатност кај публиката.

Веруваме дека инфлуенсерот сакал да изгледа духовито и спонтано на свој начин, бидејќи рекол дека „врз основа на неговата тежина и тој станал препознатлив“, но може да се каже и дека овој пропуст на натпревар од ваков тип, сепак, не е за пофалба.

Инаку, споменатиот инфлуенсер се занимава со рецензии на ресторани и храна, а дека светот на модата е многу суров, каде што се мери секоја „маана“ и „недостаток“, а најмалку е потребно девојките кои се на почетокот на кариерата да им се предизвикуваат комплекси.

 

 

Слични објави

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.

„Куќата ми изгоре, па Мира Шкориќ ме прими да спијам кај неа“: Исповед на ѕвездата од деведесеттите чиј хит сè уште сите го пееме

E.A.

Иван Маринковиќ бесен по контактот со ќерката која ја има со Гоца Тржан — „Односот беше катастрофален“

E.A.

Љубел многу, а вистински сакал само четири: Најголемите љубови на Елвис Присли

Т.Ц.
Се вчитува....