10:20 - 24 септември, 2026

(Видео) Што ѝ се случува на Дру Баримур? Има милиони, а живее како да е многу сиромашна

Холивудската актерка Дру Баримор (48) на Инстаграм објави видео на кое плаче. На телевизија се емитувал филмот „The Wedding Singer“ , што ја натера да се сети на снимањето со Адам Сендлер во 1998 година.

И додека таа носталгично се сеќава на тие моменти од сетот, следбениците беа зачудени од станот што Дру го сними во видеото. Дневната соба во која се наоѓа не е ни приближно луксузна како што би можело да биде со оглед на милионите што ги заработила во нејзината кариера.

Следбениците на Инстаграм беа упорни во коментарите и во прашањата за актерката зашто забележаа дека ѕидовите се празни, а куќата има постар мебел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Barrymore (@drewbarrymore)

„Изгледа дека сака старомоден декор“, „Ми се допаѓа што живее во таква скромна куќа“, „Можеби е хотел“, „Зошто има толку мал телевизор? Што се случува, вознемирен сум“ , „Треба да ти купиме поголем телевизор“, се дел од коментарите.

„Толку те сакам, Адам Сендлер. „The Wedding Singer“ се појави кога требаше да излезам од дома, но не можев да го испуштам и морав да го гледам“, истакна Дру.

Актерот ѝ одговори и и посака се најдобро во новата година, и ѝ порача дека ја сака.

принтскрин

Баримор глуми уште од мала, а освен во „Чарлиевите ангели“ глумеше и во филмовите „Случајно заедно“, „Врисок“ и други хит филмови.

 

Слични објави

Ѕвездите од српската естрада за дочекот на 2027 година ќе заработат богатство: Објавени и цените на билетите

apostolova

Станете и прошетајте на секој час – оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Марјан Петров го стилизираше Јаков Јозиновиќ за ревијата на „Дизел“ во Милано

Еспресо

Хороскоп за 24 септември: Овните ќе бидат енергични, Раковите ќе посакуваат љубов околу себе

Еспресо

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија емотивен момент

Еспресо
Се вчитува....