6.8 C
Скопје
06:24 - 30 март, 2026

(Видео) Шармантен настап на Орландо Блум, запеа и ги разнежни сите во пабот: „Не зборува пивото од мене“

Орландо Блум ги изненади присутните во пабот Алма во Виндзор, кога во еден момент реши да го земе микрофонот и да запее, качувајќи се на сцената.

Познатиот актер дошол во пабот во лежерен стил и решил да ја „почести“ публиката со изведба на ирската песна „She Moved Through the Fair“ во своја верзија.

Неговиот настап изненади многумина, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи. Сепак, може да се забележи дека актерот не е талентиран за пеење и дека има прилично „груб“ глас.

Актерот дошол во родната Англија по повод смртта на пријателот на татко му Крег МекЕвој, кој му бил како втор татко.

„Ова не зборува пивото од мене, но Орландо Блум штотуку почна да пее песна во пабот во кој сум“, напиша Крист Старк, радио водител од Капитал ФМ.

Неговиот настап изненади многу корисници на Твитер, на кои прилично им се допадна неговиот настап.

„Леле, ова е многу добро“, „Ова видео ми го разубави денот“, „Многу малку луѓе можат да го пеат ова“, „Многу добро, морам да признаам“, се дел од коментарите.

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....