14.8 C
Скопје
19:33 - 18 октомври, 2026

Пике за животот по раскинувањето со Шакира: Нема да трошам пари за чистење на мојот имиџ

Eкс-фудбалерoт се отвори за неговата моментална ситуација.

Последната година во животот на Жерар Пике се карактеризира со неговата разделба од Шакира.

Во текот на последните неколку месеци, и двајцата имаа неколку контроверзни јавни настапи, особено Колумбијката, која ги посвети своите најнови песни на нејзиниот порнешен партнер, односно со јасни напади на таткото на нејзините две деца.

Сепак, поранешниот дефанзивец на Барселона се чини дека не е погоден, како што се изјасни во новото интервју.

„Многу сум среќен. Имаше промени во мојот живот и успеав да ја задржам среќата“, изјави Пике за шпанскиот дневен весник Ел Паис.

Тој рече дека моментално го прави она што го сака и дека во секој момент сака да биде верен на себе.

Тој, како што вели, продолжува напред, и покрај критиките што ги доби за неговото неверство кон Шакира, (која ја изневери со младата манекенка, вработена во неговата фирма за организирање настани, Клара Чиа, неговата сегашна девојка).

„Луѓето за кои се грижам и луѓето што ги сакам се тие што ме познаваат“, изјави Пике. „Не ми е гајле за никој друг“.

Понатаму тој објаснува дека не се грижи за мислењата на другите и дека живее според своето правило кое гласи – „Денот кога ќе умирам, кога ќе погледнам наназад сакам да видам дека  отсекогаш сум го правел тоа што сум сакал да го правам. Сакам да бидам верен на себе. Нема да трошам пари за чистење на мојот имиџ“, посочи Каталонецот.

Од друга страна, поранешниот играч го бранеше својот став и се осврна на вмешаноста на неговите деца во раскинувањето со Шакира и каква е нивната улога во се тоа, откако беше објавена разделбата минатиот јуни.

„Секој има одговорност да се обиде да го направи она што е најдобро за своите деца“, додаде Пике.

Тој исто така смета дека работата на родителот е да ги „заштити“ своите деца:

„Тоа е она на што сум фокусиран и тоа е мојата работа како татко“.

Сепак, во наредните месеци се очекува Саша и Милан да се исселат во Мајами со Шакира, како резултат на договорот за старателство што го постигна поранешната двојка пред извесно време.

Слични објави

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....