11.8 C
Скопје
17:06 - 29 март, 2026

(Видео) Северина со провокативно видео ја откри желбата за 2026 година: „Да се вљубам во некој нормален“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се збогува со 2025 година и го одбележа доаѓањето на 2026 година со објава на социјалните мрежи.

„Ја започнувам новата година со голема благодарност до сите што ми помогнаа на моето животно патување. Сакам секогаш да бидам љубезна и да ставам насмевка на лицата на другите луѓе и да им направам барем убав момент, ако не и ден. Сакам да им простам на сите и да не држам злоба кон оние што ми згрешиле, бидејќи тоа ме убива мене, а не нив. Исто така, сакам… Да добивам масажа секој ден по три часа, да пијам кафе секој ден со некои луѓе што не сум ги видела долго време и да молчам…“, напиша таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


„Да спијам осум часа на ден, да се вљубам во некој нормален, да создавам незаборавни моменти, да бидам опкружена со позитивни луѓе и позитивна енергија, да имам сила да се борам за остварување на соништата, да имам отворено срце, мирни мисли и силно тело. Да вежбам јога најмалку трипати неделно и да вежбам четирипати. Да читам најмалку три книги месечно, да гледам три претстави месечно и да посетувам пет странски концерти годишно. Да патувам на дестинации што сакам да ги видам…“, додаде таа.

„На сите им посакувам истото што си го посакувам себеси“, рече таа на крајот од објавата.

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....