18:20 - 27 јули, 2026

Спомена џип на сопруг и плата од 400 евра: Миа Костова изненади со новата приказна

Спомена џип на сопруг и плата од 400 евра. Инфлуенсерката Миа Костова изненади со новата приказна на инстаграм која ѝ ја посвети на 2025 година.

-На моменти помислувам дека не знам како се најдов тука, со што заслужив сѐ што имам ама бргу ми текнува дека својот пат си го изодев поштено.

Чудно е што си ги гледам статусите од секоја година и колку и да ми била тешка – сум била многу благодарна што храбро сум ја поминала. Не ми е ни денес сѐ мирна вода, ама се носам со предизвиците, загубите, луѓето што излегле од мојот живот и просто не се јадам и окривувам, верувам во небото и верувам дека има зошто е тоа така.

Знам дека сите имаме една желба, таа е здравје и сите на број. Мојата е таа откако знам за себе. Никогаш немав големи соништа и баш затоа денес често мислам дека сонувам кога ми се остварува сѐ што сум мислела дека би било баш фино да е така – ама нема шанса.

Има шанса. Верувајте ми на збор. Само наспроти сите лајф коучови ве советувам да сте многу истрајни и трпеливи. Желбите се остваруваат само ако работиш на нив, не ако премногу им веруваш и се надеваш некој тоа да го заврши за тебе.

Ве уверувам дека платата од 400 евра носи повеќе сила од куќата од тато и џипот од сопругот. Како остварена жена на секое поле можам да кажам дека нема ништо страшно и срамно во било која работа, нема ништо страшно во бидување сам кога така се случило ниту паника од чување дете со две блузички.

Работите не се менуваат со добра мисла од денес за утре. Ниту промената на годината нема да смени многу. Животот е теретана. Резултати нема за две недели пред свадба. Резултатите доаѓаат со константност, истрајност и многу посветеност.

И да згрешиш со руска, исправи се од понеделник. Среќна Нова другари и жени мои кои не сте свесни колку можете додека не пробате. 2025, ти се поклонувам!

п.с Втората слика е живели со комшиката од Соње! Честитки Тики, се радувам што го одиш патот сигурно и многу побрзо од мене- напиша Миа.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

(Фото) Го бакнува и го прегрнува сопругот Марко: Анѓелка Прпиќ сподели прекрасни љубовни фотографии

Еспресо

(Фото) Андријана „Кеш“ се вери – пејачката доби романтична понуда за брак на плажа

Еспресо

Џејла Рамовиќ го одложи концертот поради трагедијата во која животот го загубија пет планинари

Еспресо

(Фото) Северина откри како се опушта по настапите: „Не можете да ми замерите дека не јадам“

Еспресо

(Фото) Паметна инвестиција: Зошто мебелот од Wood Room е вистински избор?

Еспресо

(Фото) Едита излезе од породилиште, дома ја пречека најсреќната семејна глетка: „Срцето ќе ми пукне од среќа“

Еспресо
Се вчитува....