01:14 - 5 април, 2026

(ВИДЕО) СЕРГЕЈ СЕ ВРАЌА: Модниот гуру со ново шоу!

Популарниот стилист и моден гуру Сергеј по две години отсуство од македонската сцена, повторно се враќа пред публиката.

Тој пред неколку минути официјално ги потврди шпекулациите што се шират низ градот последниов период – ја објави најавната шпица за неговиот најнов проект наречен „Sergej Reinvented“.

 

Според најавата овој новитет ексклузивно ќе биде објавен на 14 ти ноември во 19:00 часот на официјалната Youtube страница на Sergej Reinvented.

За редакцијата на „Слободен печат“ Сергеј изјави дека не сака да открива многу од новиот концепт, но е сигурен дека ќе понуди спој од едукација и забава.

На прашањето дали се задржува дел од концептот со кој беше актуелен и препознатлив пред некоја година на 1ТВ, тој во негов стил, низ смеа ни одговори:

„Па зарем би бил јас Сергеј без дел од таа содржина?“

Со нетрпение ја очекуваме премиерата во недела на 14ти и ќе го бараме пак за дополнителен коментар. А до тогаш – со среќа и успех Сергеј!

Погледнете го неговиот профил на Инстаграм.

*Преземено од Слободен Печат.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....