22:07 - 4 ноември, 2026

(Видео) „Се плашам од мојата смрт“: Познатиот македонски диџеј ја отвори душата

Познатиот македонски диџеј Маријан Мац Петровски прозборе кој е неговиот најголем страв.

Во гостувањето во естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да прозбори за своите најдлабоки интимни стравови.

Во емотивен разговор, Мац призна дека неговиот најголем страв не е поврзан со кариерата или јавните настапи, туку со родителството и заштитничката улога која ја има како татко.

„Од сопствена смрт, поради неприсуство при растењето на своето дете. Да бидам тука да го штитам, да го чувам и да го гледам како расте. Тоа ми е најголемиот страв, друго ништо.“

Диџеј Мац истакна дека овој страв е нешто што го преокупира веќе подолг период, иако ретко кој татко се осмелува тоа да го каже јавно.

„Буквално како што ми е цел период… иако многу татковци го немаат тоа кажано на глас, првпат го кажувам искрено и ова“, вели Мац.

Оваа негова изјава брзо се рашири низ социјалните мрежи и наиде на голема поддршка од многумина.

Слични објави

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.
Се вчитува....