17:19 - 26 ноември, 2026

По разводот со Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ наводно има нова љубов – мистериозен странец далеку од очите на јавноста

Поранешната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ, по емотивно тежок период обележан со разводот од Бастијан Швајнштајгер, наводно започнала нова љубовна врска – но овојпат далеку од медиумското внимание.

Според информации од извор близок до поранешната спортистка, Ивановиќ повеќе не е сама и во нејзиниот живот влегол нов партнер, кој не е дел од јавната сцена. Станува збор за странец, успешен во својата професија, но целосно непознат за пошироката јавност.

По разводот, кој изненади многумина, Ивановиќ се повлече од јавноста и се посвети на себе и на најблиските. Токму во тој период, како што тврдат извори, го запознала новиот партнер.

„Таа сега избира мир без сензационализам. По сè што помина, сфати колку ѝ значи приватноста, особено на емотивен план. Овојпат не сака да ја споделува својата среќа со целиот свет – барем не додека не биде сигурна“, наведува изворот.

За разлика од претходните врски, оваа се развива далеку од очите на јавноста. Наводно, токму дискрецијата и подготвеноста на партнерот да остане во сенка дополнително ја зацврстиле нивната врска.

Двајцата, според сведоштва, биле забележани во неколку европски градови, но без да привлекуваат внимание – како обичен пар, без обезбедување и медиумска помпа.

Слични објави

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо
Се вчитува....