01:31 - 5 ноември, 2026

Коки Јанков го прослави 51-от роденден на патување со ќерката

Познатиот виолинист Коки Јанков на социјалните мрежи сподели емотивен момент по повод својот 51. роденден.

На својот инстаграм-профил, Коки објави фотографија од авион, на која позира заедно со својата ќерка Лара, која спие до него за време на летот.

Музичарот ја искористи приликата да упати искрена желба до самиот себе, но и до својата наследничка.

„Си посакувам да си со мир во душата, здрава, љубезна… и да ти се радувам. Секоја наредна година да сум ти тука. 51-ва годино, не брзај“, напиша Коки во описот на фотографијата.

Фото: Скриншот

Тој најавува концерт на 14 ноември во Филхармонија по повод 30 години од првиот хит на дуото Дуле и Коки, „Виолина и гитара“, со кој како дебитанти победија на Макфест во Штип во 1996 година. На концертот, како што вели Јанков, ќе има и многу гости.

Во тек е промоцијата на новиот албум на Коки Јанков, „Навикни на промени“, на кој ќе има 20 песни.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....