23:06 - 4 ноември, 2026

Сè било маркетинг? Поранешниот „од 4 до 7“ дечко на Дара Бубамара се „пере“ од скандалот со експлицитната снимка

Скандалот со експлицитната аудио-порака на Дара Бубамара доби нов пресврт, откако Борис Видовиќ, за кого се шпекулираше дека е младиот маж од приказната, јавно ги негираше тие тврдења.

Иако претходно самиот дополнително ги подгреа гласините со објави на социјалните мрежи – меѓу кои и видео со песната „Опасан“, како и најава дека „од четири до пола седум“ бил во студио – алудирајќи на содржината од спорната порака, сега тврди дека не е поврзан со целиот случај.

„Во последно време се појавуваат разни приказни и шпекулации поврзани со мене. Сакам јасно да кажам дека не сум актер во тие приказни, ниту е вистина тоа што се претставува. Свесен сум дека во еден момент можеби дадов простор ваквите работи да се разгорат, но сакам да ставам крај на тоа“, напиша Видовиќ на Инстаграм.

Фото: Скриншот

Тој додаде дека нема потреба да гради медиумско внимание врз туѓо име и дека е фокусиран на сопствениот пат.

Во меѓувреме, Дара Бубамара реши да го искористи скандалот во своја корист. Пејачката најави нова песна и високобуџетен спот инспириран токму од содржината на аудио-пораката.

„КУКЛИ мои, гледам дека целиот Балкан зборува што сум правела од четири до пола седум! Па кога е веќе така, ред е да добиете и песна за тоа“, порача таа од сцена, предизвикувајќи реакции кај публиката.

Пејачката претходно изјави дека ќе покрене правна постапка за откривање како приватната порака завршила во јавноста, нагласувајќи дека станува збор за стар материјал.

„Мојот адвокат работи на тоа да се утврди како стигна до медиумите. Знаеме кој стои зад тоа“, изјави таа.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....