01:31 - 5 ноември, 2026

Елена Велевска има голема причина за среќа-ќерката Софија станува актерка

Фолк-пејачката Елена Велевска има уште една голема причина за гордост. Нејзината најстара ќерка, Софија, која неодамна стана полнолетна, покажа дека има голем талент за уметност.

Откако неодамна во родниот Охрид Софија го прослави својот 18-ти роденден, таа им се врати на своите креативни обврски. Овој пат, таа не се појави со микрофон како нејзината мајка, туку ги освои симпатиите на публиката преку глумата.

Фото/Инстаграм

На социјалните мрежи, гордата мајка Елена сподели моменти од театарската претстава во која учествуваше Софија. На фотографиите се гледа Софија во елегантен портокалов фустан, како самоуверено ја владее сцената и разменува реплики со своите колеги.

Во претставата, Софија изгледаше како вистинска професионалка, а судејќи по нејзиниот став на сцената, ова е можеби само почеток на една успешна приказна.

Фото/Инстаграм

Велевска не објасни каде глумела нејзината настара ќерка, но со сликите покажа колку е горда на неа. Пејачката има уште две деца, Калија и Марко.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....