18:04 - 25 февруари, 2026

(ВИДЕО) ОВА НЕ Е СЦЕНА ОД ФИЛМ: Бестрашниот Орландо Блум сурфа над голема бела ајкула

орландо блум

Актерот Орландо Блум е снимен како сурфа на даска во Малибу, а под него одеднаш се појави огромна ајкула.

Имено, иако ова изгледа како актерот да е на снимање на некој нов филм, но сепак ова било вистинска случка. Актерот веслал на само неколку метри од големата бела јакула.

Фотографот Карлос Гауна бил со некој другар, кога го снимил видеото во кое млада бела ајкула прави кругови под Орландо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Орландо изгледа целосно бестрашен, бидејќи бил свесен дека под него има ајкула.

„Кога стравот станува ваш најдобар пријател. Ти благодарам што го фати тој момент за мене“, напиша Орландо Блум.

„Сум снимил многу бели ајкули кои имаат средба со луѓе. Заедничката карактеристика што ја гледам во овие средби е дека и луѓето и ајкулите се прилично љубопитни. Во никој случај не сум експерт за ајкули, но мојата љубопитност ме тера да ги снимам. Уживам во погледот на луѓето кога ќе им дадам до знаење дека се покрај голема бела ајкула. Обично тоа е донекаде изненадена реакција измешана со малку страв. Но, се повеќе гледам луѓе кои се радуваат и поставуваат прашања за нив. Да, имаше напади во минатото, но ако поминеме повеќе време покажувајќи колку често овие ајкули коегзистираат со нас, можеме да почнеме да ја менуваме перцепцијата за овие прекрасни суштества. Да, тоа е врвен предатор и да, ние мора да бидеме одговорни во нашата интеракција со нив. Но, како што реков претходно, „ајкулите можат да бидат страшни, но тие не се никаде толку страшни како светот без ајкули“.

Го снимив Орландо Блум кој сурфа над мала бела ајкула. Можноста да споделам дел од моето знаење со Орландо, и знаење што го добив од многуте научници со кои имав среќа да разговарам и да работам, беше врв на мојот ден. На крајот, вистинските sвезди на морето се ајкулите. Но, имајќи го самиот Леголас во близина. Тоа е прилично кул!“, напиша фотографот.

Слични објави

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо
Се вчитува....