Поминаа девет дена откако Шакира го објави својот рекорден нов хит за бившиот, а нејзиното музичко видео собра 158 милиони прегледи и моментално е седма најслушана песна на Јутјуб.
Меѓутоа, освен на Јутјуб, Шакира „растура“ и на други социјални платформи. На Инстаграм и ТикТок објавен е нов танцов предизвик, кореографија на нејзината нова песна која стана вирален хит.
Шакира објави видео снимено во теретана каде танцува со тројца танчерки од танчерската група „Bella Dose“, а видеото за неколку дена собра милиони прегледи. Сега пак, сите го имитираат танцот на Шакира.
Од сите страни на светот пристигнуваат нови кореографии.
Танчерот и кореограф Серџо кој моментално може да се пофали со 1,7 милиони следбеници на ТикТак платформата, е меѓу оние кои предложија една од највиралните серии на потези на песната на Шакира.
Watch on TikTok
Ок… Ако ви изгледа премногу тешко овој танц на Серџо и обидувајќи се да ги имитирате потезите се чувствувате како Касио или Твинго , еве друга варијанта.
Watch on TikTok
Алтернативно, танчерката @voonnie, со 1,3 милиони следбеници (засега), нуди „гестична“ кореографија, можеби поедноставна за интерпретација и која несомнено испраќа непогрешлива порака на финалето до Пике…