05:18 - 3 мај, 2026

(Видео) Незадоволната публика ја гаѓала со снежни топки Ана Бекута на настап во Чачак

Концертот на српската пејачка Ана Бекута, одржан по повод дочекот на стара нова година на градскиот плоштад во Чачак, се претворил во непријатен инцидент. Настапот бил прекинат откако дел од публиката почнала да ја мава со снежни топки неа и нејзиниот бенд.

Инцидентот се случи поради протести организирани од граѓани наводно незадоволни од сумата платен за нејзиниот настап. Собраните луѓе наводно биле револтирани од фактот дека за концертот биле издвоени 40.000 евра. Поради ова, нејзиниот настап бил проследен со свирежи и бучава од самиот почеток, но ситуацијата ескалирала кога снежни топки почнале да летаат на сцената.

 


Работите излегле од контрола кога еден од членовите на бендот бил погоден со снежна топка во главата, поради што пејачката го прекинала концертот и видливо вознемирена се обратила кон публиката, пренесува српски „Телеграф“.

„Срам да ви е! Дали имате вие мајка? Дали имате сестра? Дали имате баба? Срам да ви е! Каде е полицијата овде? Дали полицијата прави нешто? Ние нема повеќе да пееме и свириме! Ајде, со рацете во воздух“, налутено порачала Бекута.

Нејзините зборови, меѓутоа, не ја смириле ситуацијата, туку предизвикале нов бран на негодување и уште повеќе мавање со снежни топки. Иако во еден момент се чинело дека концертот е завршен, пејачката одлучи да продолжи да пее.

На крајот Бекута се симнала од сцената, но го продолжила настапот од комбето во близина. Снимките од Бекута како пее од возилото, додека сè уште се слушаат свирежи од народот, брзо се проширија низ социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)

Слични објави

Три најсреќни датуми за секој хороскопски знак во мај

Т.Ц.

Без филтер и ретуширање: Шерон Стоун во бикини ја покажа линијата со која им пркоси на годините

Т.Ц.

(Фото) Во Villa Diva секоја прослава добива своја приказна

Еспресо

Голем месечен хороскоп за мај: Биковите ги очекува успех, Близнаците љубов…

Т.Ц.

Го заборавиле Драган Бјелогрлиќ во рудник, се сетиле на него дури кога стигнале во хотелот – хит анегдота од снимањето на „Сенки над Балканот“

Т.Ц.

На 17 години го испеа хитот „Дојди во пет до пет“, а потоа поради војната избега од Сараево – каде ја однесе животот Јасна Госпиќ?

Т.Ц.
Се вчитува....