00:06 - 4 ноември, 2026

(Видео) Нема да ја препознаете! Сопругата на Кристијано Роналдо целосно го смени имиџот

Манекенката и инфлуенсерка Георгина Родригез предизвика огромно внимание на Канскиот филмски фестивал, откако се појави со целосно неочекувана промена на имиџот.

Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, која со години е препознатлива по долгата темна коса, овојпат се одлучи за радикална трансформација. На престижната гала-вечера „Women in Motion“ таа се појави со платинесто руса коса во стил кој модните познавачи веќе го нарекуваат „French Girl Blonde“.

Зад новиот изглед стои славниот фризер Димитрис Јанетос, кој ѝ направи долги брановидни прамени со патец на средина, додека темниот корен нежно преминува во студени платинести нијанси.

Георгина новата фризура ја комбинираше со тиркизна свилена блуза, црн корсет од чипка и впечатлив дијамантски ѓердан, со што дополнително го нагласи гламурозниот изглед. Нејзината драстична промена веднаш стана хит на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека станува збор за нејзиното најсмело модно издание досега.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....