02:12 - 4 ноември, 2026

„Ми го однесе детето, сакав да умрам“: Индира Радиќ искрено за најтешкиот период од животот

Индира Радиќ ретко зборува за приватниот живот, но во едно интервју искрено се присети на болниот период низ кој поминала по разводот со поранешниот сопруг.

Пејачката откри дека нејзиниот поранешен партнер без нејзино знаење го одвел нивниот син Северин од Белград во Босна, по што следувала долга и тешка судска битка.

„Мојот живот, особено во тој период кога бев помлада, беше полн со трње, предизвици, искушенија, солзи, тага и болка. Се борев како морепловец. Да бев слаба и кукавица, немаше да опстанам. Мојот поранешен само ми го зеде детето, тогаш сакав да умрам“, изјавила Индира.

Таа раскажала дека по судските процеси во Босна и Србија, старателството над синот на крајот ѝ било доделено нејзе.

„Се сеќавам колку ми беше тешко да поминувам низ сето тоа. Тие работи се зад мене и не би сакала повторно да се навраќам“, додала пејачката.

Нејзиниот син Северин никогаш не се експонирал јавно, но е познато дека го наследил музичкиот талент од мајка си. Тој е автор на сите песни од албумот Нико није савршен.

Во 2021 година Северин се ожени со Русинката Елина, а Индира подоцна стана баба на момче по име Михаел.

Пејачката денес живее на Космај, каде, како што вели, ужива во природата, мирот и свежиот воздух.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....