28.6 C
Скопје
18:12 - 8 јули, 2026

(Видео) Најемотивна исповед на Сергеј Варошлија за сите лекции што ги научил од лошото што му се случило

Најемотивната исповед за својот живот ја имаше Сергеј Варошлија кој раскажа лични приказни и ситуации во „Лазаров подкаст“.

Варошлија во рамките на јутјуб каналот на Стефан Лазаров има свој подкаст кој се вика „Урок“. Со Стефан Лазаров, тој разговараше за годинава што изминува, за оа дали била успешна и за неговата среќа.

-Задоволен сум, среќен сум. Всушност, не знам дали сум среќен, ама сум многу благодарен, како човек сум благодарен. Кој во денешно време може да каже навистина: „Јас сум среќен човек?“ Можеш да кажеш дека си исполнет, можеш да кажеш дека си благодарен, среќен си затоа што сме здрави, живи во моментот.

Меѓутоа, дефиницијата за среќа не е рецепт, не е моментално чувство, како денеска на пример, среќен е денот. Си правиш некаква анализа. Не е дека јас мислам за себе дека сум несереќен, но пред сѐ кажувам дека сум многу благодарен.

А, мислам дека ако си благодарен за многу работи, па дури и за неубави работи, за неубави случки што се случиле, животот е еден процес на самосозревање, што евентуално ќе е доведе до тоа чувство на среќа, кое што го имаме како екстра сензација од кога ќе добиеме убав подарок или кога ќе си поминеме убаво заедно.

Фото / Инстаграм

Така што мислам дека луѓето треба да се благодарни за сѐ што им се случило во животот. Дури и за неубави работи, затоа што тоа е процесот на самореализација и на растење. Така што, во идната година ќе им посакам на луѓето да научат, да сфатат дека буквално треба да се благодарни.

Дали некој ќе им подари чаша вода или ќе имаат можност да си купат нешто што посакуваат, треба да бидат пред сѐ благодарни на себе, на луѓето околу нив. Во мојата глава Стефан, лошо не постои.

Има лоши ситуации, има непријатни ситуации, меѓутоа јас не сум човек што мисли дека нешто лошо постои, зашто што мислам дека те води на еден подобар пат, и дека секоја ситуација е некаква си лекција, а за секоја лекција мислам дека треба да сме благодарни-рече Сергеј Варошлија. 

Слични објави

(Фото) Вака изгледаше Ана Севиќ во венчаница кога му кажа „да“ на Даниел

Еспресо

На Слаткар не му е чудно што е мета на критики: „Собираа потписи за да ми го откажат првиот концерт во 2009 година“

Еспресо

(Фото) Адам Сендлер повикал полиција по свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси — побарал нешто сосема неочекувано

Еспресо

Дејан Милиќевиќ откри необичен пропуст во легендарниот спот на Цеца: „Не сум нормален…“

Еспресо

„Малер си да се родиш овде“: Искра Канзурова со уште една лута објава

Еспресо

(Фото) Амра и Един Џеко уживаат во семеен одмор – најсаканата босанска двојка откри каде ги полни батериите по Светското

apostolova
Се вчитува....