7.6 C
Скопје
11:33 - 19 февруари, 2026

(Видео) На Јелена Ѓоковиќ во Грција ѝ ја запеаја оваа српска песна и за нејзината реакција зборува цела Србија!

Јелена Ѓоковиќ ненамерно, природно и ноншалантно стана ѕвезда на социјалните мрежи. Сите зборуваат за неа поради едно видео од Грција. Најмногу во Србија. Сопругата на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ изненади со својата реакција на песната „Еј, од кад сам се родио“, која за неа ја отпеа, среде Атина, Константинос Аргирос – голем обожавател на Новак, а воедно и најголема грчка ѕвезда.

По големите професионални успеси – како што е освојувањето на 101-та титула – Новак и Јелена Ѓоковиќ решија малку да земат здив и да се релаксираат со „свирка во живо“. Тие го избраа моментално најпопуларниот грчки изведувач за свој „пејач по избор“, а присутните не ја пропуштија можноста да ги снимат настаните на лице место.

 

Меѓутоа, кога го потрошија целиот материјал на Новак, спонтано се појави неговата сопруга, која беше подеднакво весела, па дури и танцуваше на песната на Синан Сакиќ. И токму тоа ги изненади – позитивно – и присутните и голем дел од интернет-заедницата, со оглед на тоа што немаме често можност да ја видиме во опуштени изданија како што се ноќните забави.

Кога станува збор за Новак, тоа е друга приказна. Неодамна можевме да го видиме во друштво на неговата колешка Ана Ивановиќ.

Сепак, по кратко опуштање, тие се враќаат на своите редовни обврски. Новак со тренинзите и новите бизниси што ги започна, Јелена со работите на фондацијата, но и со училишните обврски на Стефан и Тара, кои го продолжија своето образование во приватна утстанова во Атина со британска наставна програма.

 

Слични објави

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо
Се вчитува....