02:12 - 7 ноември, 2026

(Видео) Маја Глигоровска замина за Кан, поводот е специјален

Манекенката и наставничка Маја Григоровска замина во Франција, а поводот е специјален.
Македонската јавност добро ја познава како едно од нашите најатрактивни ТВ-лица и модели, но веќе со години нејзиниот секојдневен фокус е насочен кон едукацијата на најмладите. Познатата манекенка Маја Глигоровска денес работи како одделенска наставничка.

Маја сега се врати на модната писта, и тоа на една од најпрестижните светски дестинации.

На социјалните мрежи таа објави видео од нејзиното последно модно дефиле во луксузниот хотел „Carlton Cannes“ во Кан, Франција.

„Модна ревија на Канскиот филмски фестивал со Викторија Џимревска“, објави Маја на Инстаграм.

Маја блесна во тесна, впечатлива креација во кралско сина боја со висок сјај, која совршено ја истакна нејзината беспрекорна линија.

„Секогаш е убаво да ѝ се вратиш на модата и на она што ти ја одбележало младоста, но мојата најголема љубов денес се децата и нивното образование“, рече Маја во претходни интервјуа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Gligorovska (@maja.gligorovska)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....