16.8 C
Скопје
15:34 - 25 септември, 2026

Братот на загинатиот баритон Ристе Велков е познат музичар, беше член на „Суперхикс“

Братот на трагично загинатиот баритон Ристе Велков е исто така познат музичар. Коста Велков е поранешен саксофонист во групата „Суперхикс“.

Коста Велков не е активен на социјалните мрежи, но се споменува во повеќе интервуја на Петар Младеновски-Пеце, фронтменот на групата „Суперхикс“. Саксофонистот Велков се појавува во „Глупави песни“, еден од првите поголеми хитови на „Суперхикс“, како и во видеоспотот за хитот „Раде“ и други.

Коста Велков во спотот за песната „Раде“ (Фото: Принтскрин)

Кога „Суперхикс“ прослави 30 години во 2024 година, и одржа преполн концерт на отворено во скопската општина Кисела Вода, Пеце Младеновски го спомена и Коста Велков како дел од поранешните членови.

„Не можеме ништо без да ги споменеме сите поранешни членови на ‘Суперхикс’, без нив немаше да бидеме тоа што сме денес. Бандо инструментална, ви благодариме од срце за сé! П.С. Дел од нив ќе имате можност да ги чуете и на 29.06. Дел од Суперхикс беа: Ивица Ивановски – Папак (тромбон), Коста Велков (саксофон), Зоран Жежов – Кечо (тапани), Лазар Дарковски (тапани), Пере Мелов (труба), Славе Спировски (диџеј), Живко Шулинчевски (саксофон), Владан Добрицки (тромбон), Димитар Тодоровски – Диме (флигел хорна), Горан Папазоски – Папаз (тенор саксофон), Стефан Алексовски (клавијатури и Симе Златков (саксофон). Суперхикс денес се: Петар Младеновски – Пеце (бас, вокал), Борис Минов – Борче (гитара), Дарко Попов – Даро (тапани), Александар Спасовски – Жути (труба), Гоце Лалковски (DJ), Валентин Видовиќ (саксофон) и Бранко Илиевски (тромбон)“, напиша Петар Младеновски.

Петар Младеновски-Пеце на својот фејсбук-профил изјави сочувство до својот пријател Коста и до семејството:

„Страшно… Нека почиваат во мир. Коста пријателе и семејствата, примете сочувство“, напиша Младеновски.

Баритонот на Националната опера и балет Ристе Велков и неговиот 20-годишен син Адам, се двајца од четворицата загинати во трагичната сообраќајна незгода што се случи ноќеска на скопската обиколница.

Ристе Велков беше оперски солист првенец, еден од водечките македонски баритони кој заслужено го носеше епитетот – италијански баритон со кадифена боја.

Во несреќата загина и 20-годишниот Петар Миланов од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат.

Слични објави

Ана Бекута искрено за односот со Цеца Ражнатовиќ – откри зошто ја отследила од Инстаграм

Еспресо

(Фото+видео) Наташа Беквалац до зори го славеше 46. роденден – меѓу гостите беше Пријовиќ која ѝ запеја на славеничката

Еспресо

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо

Катарина Лазиќ на удар поради здравиот живот: „Почни да пиеш како Дарко, да не најде некоја слична на себе“

E.A.
Се вчитува....