15:08 - 4 ноември, 2026

(Видео) Лидија Кочовска во солзи: Не сум истата, многу ми недостасува

Лидија Кочовска, во искрена и исклучително емотивна исповед, проговори за загубата на мајка ѝ, и рече дека не е истата Лидија откако ја нема неа.

​Низ солзи и со многу љубов во гостувањето за „Гламур магазин“, таа направи споредба меѓу своите родители и сестра и Тања, нагласувајќи ја единствената природа на мајка си, која секогаш знаела со мекост и разбирање да пристапи во секоја ситуација.
​

„Мајка… Никој не може да ја замени. Никој. Таа ми беше ветер во грб. Исто колку Тања и татко ми, меѓутоа Тања и татко ми се многу поранливи, но многу покрути. Мајка ми беше мекушка. На моите грешки, многу добро знаеше да ми каже: ’Ова ти е погрешно, не е како што треба‘. Меѓутоа, многу често знаеше да ме поддржи во сè. Начинот на кој ме викаше, начинот на којшто ми се обраќаше… многу, многу ми недостасува. Многу, многу ми недостасува. Не сум истата Лидија откако мајка ми почина“, рече Кочовска.

Невена Кочовска – вокалот на култниот ансамбл „Мањифико“, по долга и тешка борба со деменцијата почина во 2022 година.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....